ПОБАВЕН РАСТ НА ЗЕЛЕНОТО КРЕДИТИРАЊЕ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Колку се задолжија граѓаните и фирмите кај банките?

 Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити" се зголемени за 2,8 пати.

43

Во вториот квартал годинава „зелените кредити” пораснаа за 2,6 милијарди денари или 2,8 %, додека на годишна основа растот на овие кредити забави и изнесува 14,9 %, соопшти Народна банка.

Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити” се зголемени за 2,8 пати.






Состојбата на „зелените кредити” во билансите на банките изнесува 20,4 милијарди денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7,2 милијарди денари.

Според податоците на Народна банка, заклучно со второто тримесечје од 2024 година, на компаниите им се одобрени зелени кредити во износ од 19,4 милијарди денари, додека на домаќинствата изнесува 1 милијарда денари.

Расте и уделот на „зелените” во вкупните кредити, иако сѐ уште е на релативно ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со второто тримесечје од 2024 година, учеството на „зелените” во вкупните кредити е зголемено од 2,2 % на 4,5 %, колку што изнесува во последните три квартали.

„Зелените кредити” се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестиции во нова еколошка технологија.

Поврзани содржини