ПОА повикува на општествена одговорност и на нова можност за преобразба

Синодот на ПОА истовремено им изразува целосна молитвена поддршка на лекарите и на севкупниот медицински персонал, кои без престан се борат да ѝ стават крај на пандемијата, и го призива благословот Божји да пребива на нив.

677

Синодот на Православната охридска архиепископија (ПОА) на денешната седница го разгледа и актуелниот проблем на пандемијата, т.е. брзото распространување на коронавирусот, и со цел да придонесе во запирањето на понатамошното ширење на заразата, ги повикува верниците редовно да ги следат и целосно да ги спроведуваат препораките на Светската здравствена организација (СЗО), како и привремените мерки кои произлегуваат од вонредната состојба што ја прогласи Владата на Република Северна Македонија, наведено е во соопштението.

„Појдовен стремеж, пред сè да им биде општествената одговорност и штедриот израз на човекољубие кон ближниот, а како и секогаш, под ближен да се подразбира буквално секој сограѓанин, без разлика на националната или верската припадност. Согласно на вековното православно предание, да се практикува принципот на саможртвена љубов, со цел да се сочува животот на ближниот! Следствено, најважно е, секој од граѓаните припадници на Православната Охридска Архиепископија, будно да внимава и да не си дозволи да стане ниту носител, уште помалку преносител на вирусот“, наведено е во соопштението.






Синодот на ПОА истовремено им изразува целосна молитвена поддршка на лекарите и на севкупниот медицински персонал, кои без престан се борат да ѝ стават крај на пандемијата, и го призива благословот Божји да пребива на нив.

„Ги повикуваме граѓаните припадници на Архиепископијата да го прифатат ова искушение како нова можност за преобразба на животот и на тој начин да отворат простор во нивните срца да воскресне Лекарот на нашите души и тела, Христос Господ!“, стои во соопштението.

Поврзани содржини