По земјотресот во Хрватска: Земјата се отворила, тлото станало течно ВИДЕО

5,094

Катастрофалниот земјотрес кој вчера се случи во Хрватска внесе немир во животите на луѓето во цела Сисачко-Мословачката жупанија, а месното население е загрижено за расцепот и земјата која буквално се отворила во селата Палањек и Тишина.

На социјалните мрежи има голем број на фотографии на кои се гледа како буквално земјата се отворила.






На една снимка се гледа необичен феномен на ликвефакција на тлото, а кое се случува при големи потреси. На снимката се гледаат исплашени жители додека под нивните нозе се прават пукнатини вна тлото и земјата станува течна.

Поврзани содржини