ПО ВЕСТА ЗА ВРСКАТА МЕЃУ ХАНА И ГРАШО За прв пат се огласи и Данијела Мартиновиќ
„Заборавете на безбедноста. Живејте таму каде што се плашите да живеете“, напиша пејачката под објавата цитирајќи го персискиот поет Руми.
Пејачката Данијела Мартиновиќ се огласи на својот Инстаграм откако во јавноста стана познато дека нејзиниот поранешен Петар Грашо е во врска со Хана Хуљиќ.
Таа објави серија снимки и фотографии од симнувањето на зип-линијата на островот Крк.
„Заборавете на безбедноста. Живејте таму каде што се плашите да живеете“, напиша пејачката под објавата цитирајќи го персискиот поет Руми.
„Ова беше едно од најубавите чувства“, додаде Даниела.

„Кралица“, „Нашата убавица“, „Храброст, а сепак со прекрасна насмевка“, „Внимавајте на себе“, „Браво драга и слатка девојка“, се само некои од коментарите под објавата.
Потсетуваме, на почетокот на мај годинава Данијела и Петар Грашо раскинаа по 24 години врска. Неодамна се дозна дека Грашо е во врска со Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ. Наводно, Грашо и Хана се вселиле заедно, а според Слободна, во близина живее и Данијела.
Патем, за Данијела ова беше прилично турбулентен период. Откако излегоа документите на Пандора, се дозна дека таа рекламирала козметика со лажен сертификат.