По утринската магла денеска ќе биде сончево
Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 7 до 15 степени.
Времето во утринските часови во земјава ќе биде магливо или со значителна ниска облачност, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 7 до 15 степени.
Во Скопје, наутро магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне 9 степени.