ПО ТРУЕЊАТА ВО ХРВАТСКА ЗАЈАКНАТИ КОНТРОЛИТЕ И ВО МАКЕДОНИЈА Кај нас не се увезени небезбедни минерални води и газирани пијалаци, тврди АХВ
Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки, уверува Агенцијата за храна и ветеринарство.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, извести дека до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја следиме состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи“ – се вели во соопштението на АХВ.
„ПИЈТЕ САМО ОБИЧНА ВОДА“ Хрватскиот министер за здравство предупреди, шест лица се во болница