ПО ТРИ НЕДЕЛИ НЕМА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД ВО ТЕТОВО Намален е бројот и на хоспитализирани
Пред две недели во болницата во Тетово имаше 10 смртни случаи за едно деноноќие.
Во тетовската клиничка болница во изминатите 24 часа нема починат пациент од ковид-19. Намален е и борјот на хоспитализирани пациенти.
– За прв пат после повеќе од три недели при евиденција на 24 часовните период немаме починат пациент меѓу хоспитализираните. Има нови девет примени на болничко лекување, а 13 се пуштени дома. Сега има вкупно 84 хоспитализирани од кои 82 се на кислородна поддршка. Бројот на прегледи во амбуланта изнесува 135 – вели д-р Миранда Пајазити.
Пред две недели во болницата имаше 10 смртни случаи за едно деноноќие. На карајот на август,пак, на болничко лекување имаше 116 заболени од ковид-19.