По судар со мотор починал возач на машина за сечење дрва
На ГП. Табановце било приведено лице кое било барано за издражување затворска казна.
ПОЧИНАЛ ОТКАКО МОТОЦИКЛ УДРИЛ ВО МАШИНА ЗА СЕЧЕЊЕ ДРВА – На 30.09.2020 во 19.20 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„Христофер Жефаровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале работна машина за сечење дрва, управувана од С.С.(65) од Скопје и мотоцикл „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управуван од Р.Ш.(29) од Скопје. На местото на незгодата починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од работната машина, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
СКОПЈАНЕЦ ФАТЕН СО КОКАИН – На 30.09.2020 во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ го лишиле од слобода Х.Б.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ЏЕБ – На 30.09.2020 во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во близина на Катланово го лишиле од слобода М.Ѓ.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СО НОЖ СЕ ШЕТАЛ ВО ЧЕНТО – На 30.09.2020 во 23.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Методија Андонов-Ченто“, кај клучка Ченто, извршиле преглед кај С.М.(26) од с.Сингелиќ, скопско, при што пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ГО ПРИВЕЛЕ ОТКАКО МУ НАШЛЕ НОЖ – На 30.09.2020 во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коце Металец“ извршиле преглед кај Џ.Х.(39) од Скопје и пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок
ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕ НА ТАБАНОВЦЕ БАРАНО СО ПОТЕРНИЦА – На 01.10.2020 во 03.50 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода К.С.(48) од Скопје, кој на СТОП-Листа бил регистриран дека е предмет на потрага за издржување на казна затвор. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
СКОПЈАНЕЦ КАСНАТ ОД КУЧЕ СКИТНИК – На 30.09.2020 во 12.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ѓ.М.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„68“ бил каснат од куче скитник.