ПО ШЕСТИ ПАТ ЗАЕДНО Леонардо Дикаприо и Мартин Скорсезе повторно ги здружија силите
Актерот и режисерот ќе работат на шестиот заеднички филм.
Како што пренесуваат американските медиуми, Скорсезе ќе режира филм според романот на Дејвид Гран „The Bet: A Story of Shipwreck, Mutiny and Murder“, а правата за тоа остварување веќе ги откупи „Apple Original Films“.
Главната улога ќе ја толкува Леонардо Дикаприо.
Интересно е и тоа што ќе биде објавен и романот според кој ќе се снима филмот – и тоа напролет следната година.
Да потсетиме, популарното дуо досега соработуваше на филмовите „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Двојна игра“, „Затворен остров“ и „Волкот од Волстрит“.