ПО СЕДУМ ДЕНА ПОЖАР НА ПЛАНИНАТА Хеликоптери ќе ја гасат Галичица

407

Градоначлникот на општина Охрид Константин Георгиески попладнево рече дека е одлучено е да се делува од воздух денеска во гаснење на пожарот на планината Галичица.

– Со промена на ветрот пожарот се прошири кон подолните падини и западниот дел на планината Галичица, од преку 2200 метри надморска височина, се спушти на 1600 метри, со што се создадоа услови да може да се делува со воздухоплови. Ангажирани се хеликоптери, кои веќе се на пат и во попладневните часови ќе се врши гасење на пожарот од воздух – истакна Георгиески.






До ЦУК беше поднесено барање за ангажирање на хеликоптер уште на 30 август за гасење на пожарот. На 1 септември беше пратено и второ барање, но немаше услови за ангажирање на хелихоптер поради постоење на многу неексплодирани мини од Првата светска војна, додаде Георгиески, јави Охрид њуз.

Георгиевски се надева дека во наредните ден, двата пожарот ќе биде локализиран. Тој смирува дека пламените јазици се далеку од населени места.

Пожарот на Галичица веќе седум дена е активен на непристапен терен на планината.

Поврзани содржини