ПО РАЗВОДОТ СО СЕВЕРИНА Игор Којиќ „трча“ по бившата девојка, убавата српска актерка
Според пишувањата на српските таблоиди, Игор воопшто не се труди да ги сокрие симпатиите што ги има кон Катарина.
Како што пишуваат српските медиуми, Игор Којиќ конечно го преболел разводот со хрватската пејачка Северина и одлучил повторно да го освои срцето на својата поранешна девојка, познатата српска актерка Катарина Радивојевиќ, за која се пишуваше пред шест години дека останала со скршено срце кога Игор ја оставил поради Северина.
Според пишувањата на српските таблоиди, Игор воопшто не се труди да ги сокрие симпатиите што ги има кон Катарина.
View this post on Instagram
„Игор долго време не ја видел Катарина. Таа беше во Америка, а тој во брак и немаа ниту можност за тоа, меѓутоа, патиштата повторно им се вкрстија. Неодамна случајно се сретнаа во еден ресторан и се поздравија, разговараа. Тој веднаш се заинтеренсира, не можеше да верува колку добро изгледа. Не го тргна погледот од неа и тоа сите го забележаа. Веднаш по средбата почна да ѝ пишува. Искрено не знам што му се случува и дали му одговорила, но знам дека сѐ уште не се виделе. Катарина сега е соло, нема момче, а Игор одамна вака не се „загреал“ за некого како што е сега за неа“, рекол извор близок до Игор за „Стар“.
Како ниту пред шест години, Игор на оваа тема не се огласил.
Убавата Катарина Радивојевиќ нашата публика најмногу ја памети по улогата на Зоне од филмот „Зона Замфирова“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм