ПО ПРВИТЕ 500 НАТПРЕВАРИ Јокиќ е единствениот играч во историјата на НБА со 5.000 скока и 3.000 асистенции

Недостасува едно додавање за трипл-дабл? Не ми е грижа. Имав добар натпревар и тимот извојува важна победа. Знаев дека играм добар натпревар, но не размислував за статистиката - изјави Јокиќ по натпреварот.

330

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА-лигата кој забележал 5.000 скока и 3.000 асистенции во своите први 500 натпревари во кариерата.

На денешниот натпревар против Детроит (110:105), српскиот кошаркар постигна 28 поени, 21 скок и девет асистенции.






– Недостасува едно додавање за трипл-дабл? Не ми е грижа. Имав добар натпревар и тимот извојува важна победа. Знаев дека играм добар натпревар, но не размислував за статистиката – изјави Јокиќ по натпреварот.

За Јокиќ ова беше 494. меч во кариерата.

Поврзани содржини