ПО ПРИМЕРОТ НА КРУШЕВСКИОТ МАНИФЕСТ Сајкоски од Крушево повика на единство на сите граѓани

Да се обединиме во насока да донесеме подобар живот, подобри услови во здравството, подобро образование и подобро да живееме сите во нашата Македонија - повика генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5, Ѓорѓија Сајкоски на обраќањето во Крушево.

112

Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5, Ѓорѓија Сајкоски, на средбата со граѓаните во Крушево повика на единство на граѓаните во цела Македонија за да се стави крај на неправдите, криминалот и корупцијата.

-Најпрво сакам да го честитам празникот Рамазан Бајрам, на сите граѓани од муслиманска вероисповед да им посакам добро здравје, среќа, благосостојба во нивните и во сите домови. Сакам од Крушево, тука, да порачам дека Крушево е еден од нај запоставените градови во Македонија. Централната власт воопшто не води сметка за Крушево, пристапните патишта до Крушево се катастрофални. Патот Демир Хисар – Крушево е во очајна состојба, туризмот е на најниски гранки го сега – истакна Ѓорѓија Сајкоски.






Локалната самоуправа не вложува ништо во Крушево, ниту централната, ниту локалната власт. Крушево е заборавено од властите, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа, сакам да се повикам на Манифестот од Крушевската Република и на некои постулати од него, да повикам на единство на граѓаните тука во Крушево и во цела Македонија. Да ставиме крај на неправдите, крај на криминалот, крај на корупцијата, крај на задолжувањата кои што ги прави оваа власт. Да се обединиме во насока да донесеме подобар живот, подобри услови во здравството, подобро образование и подобро да живееме сите во нашата Македонија – повика Сајкоски.

Поврзани содржини