По „Пиратите од Кариби“ доаѓаат пиратки со Марго Роби во главната улога

873

Познато е дека филмската франшиза „Пиратите од Карибите“ е една од најпрофитабилните во Холивуд, првите пет филмови заработија повеќе од 4,5 милијарди долари. Меѓутоа, последниот филм што се снимаше „Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар“ во 2017 година заработи 795 милиони долари, што го прави втор финансиски најслаб од франшизата. Затоа, во компанијата „Волт Дизни“ заклучија дека е време за промени и одлучија да снимат женска верзија на филмот кој ќе се вика „Пиратките од Карибите“, а главната улога ќе ја има Марго Роби.

Иако дејството на филмот во моментов е непознато, познато е дека нема да станува збор за продолжение односно за шестиот дел од франшизата, туку ќе се работи за целосно нова приказна со нови ликови. Сценариото за филмот го пишува од Кристина Ходсон, истата која го напиша сценариото за филмот „Birds of Prey“ во кој главната улога ја имаше Марго Роби. Ходсон е барана сценаристка, откако го напиша сценариото за филмот „Bumblebee“, нејзиниот следен проект е „The Flash“, филм во кој Мајкл Китон повторно се појавува во улогата на Бетмен.






Од друга страна, веќе е објавено и дека ќе се снима шестото продолжение на „Пиратите од Карибите“, за кој сценариото го пишува еден стар сценарист Тед Елиот и еден нов, Крег Мазин, познат и како автор на серијалот „Чернобил“. Уште во 2018 година, „Волт Дизни“ ги ангажираше сценаристите Рет Рис и Пол Верник, познати како автори на филмот „Deadpool“, да го напишат сценариото за шестиот дел на „Пиратите од Карибите“. Работите очигледно отидоа во погрешна насока и тие го напуштија проектот во почетокот на 2019 година за да бидат ангажирани Елиот и Мазин на крајот на истата година. Во овој момент, сосема е непознато дали Џони Деп како Џек Спароу ќе се појави во шестиот дел.

 

Поврзани содржини