ПО ПАД ОД ПОКРИВ ВИСОК ДЕСЕТИНА МЕТРИ Млад велешанец се бори за живот на скопските клиники

Од велешката болница за МИА информираат дека повредениот бил донесен во бессознание и со повеќе тешки повреди и веднаш бил реанимиран и прегледан. Но, поради тешките повреди на главата и на градниот кош, итно бил транспортиран на Хируршките клиники во Скопје.

249

На скопските Хируршки клиники 35-годишна велешанец се бори за живот откако вчера попладне паднал од покрив висок околу 10 метри, во близина на силосите кај Маслодајна.

Несреќата се случила околу 15 часот, кога велешанецот, кој бил ангажиран на поправка на покрив, од засега непознати причини, паднал. Веднаш на местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош која му укажала прва помош и итно го пренела во Хируршката амбуланта на велешката Општа болница.






Од велешката болница за МИА информираат дека повредениот бил донесен во бессознание и со повеќе тешки повреди и веднаш бил реанимиран и прегледан. Но, поради тешките повреди на главата и на градниот кош, итно бил транспортиран на Хируршките клиники во Скопје.

Полицијата направила увид на настанот и ги утврдува причините за тоа како паднал 35 годишниот жител на Велес.

Поврзани содржини