ПО НАСОКА НА ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ СЕ СРЕТНАЛ СО МИЛЈАН ШЧЕКИЌ ВО НИШ Манасиевски тврди дека лидерот на СДСМ се сретнал со Башановиќ во Грција

108

По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Зоран Заев – Башановиќ во Грција, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција.

-Како што си ги постави Ковачевски, па Филипче за претседатели на СДС, Зоран Заев си го постави и неговиот екс советник Башановиќ за шеф на ПР тимот во СДС, заедно со неговиот соработник Милјан Шчекиќ. Човекот кој е со контроверзно минато, избркан од сопствената партија и полн со сомнителни зделки во енергетиката и вклучен директно или индиректно во промената на името на државата Македонија, со име и презиме Зоран Башановиќ, сега го советува СДС и Филипче за нивните настапи во јавноста – вели Манасиевски.






Според него, односот кој Филипче и СДСМ го имаат спрема јавноста напишани во соопштенија или изговорени на прес-конференции, е директно по насока на Башановиќ и Шчекиќ, односно луѓето кои Зоран Заев ги најмил да му помогнат на СДСМ.

– Случајно или не, тие делуваат како прокси партија, а сето тоа поминува забележано од граѓаните кои сѐ повеќе и повеќе не му веруваат на СДС и не му веруваат на Филипче. На граѓаните веќе им е јасно кој стои зад овие лоши ПР политики на СДС и кој ги води во пропаст. Лица кои јавноста не ги памети по добро, туку по афери, скандали и криминали. Но, СДС не успева да извлече поука, туку СДС продолжува да тоне во сопствената кал – заклучува Манасиевски.

 

Поврзани содржини