ПО МАДУРО, ЦИА СЕ ПОТПИРА НА ЛУЃЕTO НА МАДУРО Делси Родригез е последниот глас на Чавез во Каракас

Веднаш по апсењето на венецуелскиот претседател, шефот на САД одлучил да не ја предаде власта на опозицијата, туку да го прифати предлогот на ЦИА за внатрешна транзиција со Родригез како технички лидер. Родригезе позната социјалистка која ја започна кариерата во времето на Хуго Чавез, а му беше десна рака на Николас Мадуро.

2,584

Тајна проценка на ЦИА ја сменила логиката на Вашингтон кон Венецуела, пишува „Волстрит Џурнал“. Весникот вели дека аналитичарите на ЦИА процениле дека во случај по апсењето на претседателот Николас Мадуро, единствено неговиот внатрешен круг би можел да спречи хаос, граѓански судири и ширење на нарко-картелите во државата.

Со други зборови, тоа е причината што САД ја поставија потпретседателката Делси Родригез како најсоодветна за привремено водство. Таа, заедно со влијателните министри Диосдадо Кабељо и Владимир Падрино, има контрола врз безбедносните и воените структури, клучен елемент за ред во држава обременета со криминални групи и корупција.






Иако сите тројца се под американски санкции, Вашингтон смета дека токму нивниот авторитет може да ја задржи државата функционална додека се договара нов политички процес, се вели во текстот.

 Жестока социјалистка, поддржувачка на Чавез

Родригез е родена во Каракас во 1969 година и е правничка и ќерка на убиениот левичар Хорхе Антонио Родригез. Политичката кариера ја започнала со Хуго Чавез, каде што служела како министерка за комуникации, а потоа и како министерка за надворешни работи (2014–2017). Позната е по острата антиамериканска реторика и по жестоката одбрана на социјалистичката идеологија на Чавизмот.

По доаѓањето на Николас Мадуро, Родригез стана едно од највлијателните лица во власта. Од 2018 година е потпретседателка на Венецуела и беше претседателка на Националниот уставотворен совет — инструмент за зацврстување на режимот.

Зошто не Мачадо?

Марија Корина Мачадо, симболот на демократската опозиција и добитничка на Нобелова награда за мир, ја изгуби поддршката на Трамп поради слабата организација и недостиг на влијание во војската. Иако американскиот Сенат и дел од администрацијата ја гледаат како легитимна наследничка, разузнавачките извори оцениле дека нејзиното движење нема реална контрола врз институциите, па ризикот од колапс е преголем.

Мачадо го поздрави апсењето на Мадуро како „голем чекор за човештвото“ и побара САД за привремен шеф на државата да го назначат поранешниот дипломат Едмундо Гонзалес Урутија. Тој е 76-годишен поранешен дипломат и претседателски кандидат од 2024 година.

Но, во моментот, САД се потпираат на луѓето на Мадуро.

Операцијата „Делта Форс“ и пресвртот во Белата куќа

Апсењето на Мадуро од страна на единицата „Делта Форс“, поддржано со информации од внатрешен извор на ЦИА, го означи најголемиот американски потфат во Латинска Америка по Панама.

Веднаш потоа Трамп одлучил да не ја предаде власта на опозицијата, туку да го прифати предлогот на ЦИА за внатрешна транзиција со Родригез како технички лидер.

„Магичен реализам“ и американски прагматизам

Експертите предупредуваат дека очекувањето демократијата веднаш да се врати е илузија. Професорот Дејвид Смилде од Универзитетот Тулан вели дека „секој што мисли дека опозицијата може едноставно да ја преземе власта, верува во магичен реализам“.

Во меѓувреме, Белата куќа испраќа контрадикторни пораки — државниот секретар Марко Рубио најавува поморска блокада на венецуелските танкери, додека Трамп зборува за „директен пристап до нафтата и ресурсите“.

Опозицијата како „губитник“ во очите на Трамп

Поранешниот советник Хуан Круз открива дека Трамп го изгубил трпението кон опозицијата уште во својот прв мандат, кога ниту армијата ниту народот не се кренаа против Мадуро.

– Трамп ја гледа опозицијата како губитници што ветија повеќе отколку што можеа да испорачаат – вели Круз.

 

Поврзани содржини