По коруптивниот скандал за набавка на респиратори, се бара оставка од Јанез Јанша

Словенечкиот министер за економија Здравко Почивалшек беше приведен испрашан и пуштен во врска со скандалот со набавка на респиратори..

349

Опозиција во Словенија бара оставка од целата Влада на Јанез Јанша, откако од функцијата се повлече министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, што дојде непосредно по приведувањето на неговиот колега од ресорот економија Здравко Почивалшек.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, по вчерашните настани поранешниот премиер Марјан Шарец изјави дека Владата се обидувала да ја дефокусира јавноста од случувањата и аферите.






– Владата се обидува на своите приврзаници сето ова да им го претстави како некоја завера или делувања на некоја таканаречена „длабока држава“ – изјави Шарец.

Од партијата Левица сметаат дека кога станало јасно дека институциите сакаат да го решат случајот со набавката на респираторите, Владата веднаш се обидела да ги дискредитира полицајците кои учествуваат во истрагата.

– Владата на Јанша се определи за нивната „најдобра“ тактика, а тоа е лична дискредитација на оние кои го направија претресот и работат на истрагата – изјави Лука Месец од Левица.

Претседателката на Социјалните-демократи (СД) Тања Фајон кажа дека корупцијата води до сами врв на Владата и затоа побара оставка.

Инаку, вчера полицијата по неколкумесечна истрага го приведе и по распитот го ослободи министерот за економија Здравко Почивалшек кој се сомничи за системска корупција при набавката на респиратори и медицинска опрема. По претресот во неговиот дом оставка поднесе министерот за внатрешни работи Алеш Хојс кој изјави дека акцијата е направена од „удбашко-партиски“ структури во полицијата.

Поврзани содржини