ПО КОЈ КРИТЕРИУМ СЕ ИЗБРАНИ И КАКВИ СЕ НИВНИТЕ ЗАСЛУГИ? Министерството за надворешни работи не ги открива имињата на привилегираните иселеници

Единствената информација што ја потврди МНР е дека одлуката за тоа кој ќе добие МКарта ја носи лично министерот Бујар Османи, на предлог на шефот на дипломатско-конзуларното претставништво на земјава во странство или по предлог на друг државен орган.

2,872

Министерството за надворешни работи (МНР) ни за „жива глава“ не ги открива 69-те истакнати Македонци од дијаспората на кои од 1 јануари годинава им е обезбеден забрзан влез во земјава, поради тоа што поседуваат МКарта.

Плусинфо денеска неколкупати се обиде да исконтактира со МНР со цел да ја добиеме листата на којашто се испишани имињата и презимињата на „среќните добитници“, но оттаму – молк. Засега останува непознато кои се заслужните македонски државјани што на брза лента на аеродромите ќе можат да ја поминуваат процедурата и кои ќе добијат бесплатен влез во културни институции.






Непознато останува и по кои критериуми се одбрани личностите и какви заслуги за Македонија имаат направено.

Единствената информација што ја потврди МНР е дека одлуката за тоа кој ќе добие таква МКарта ја носи лично министерот Бујар Османи, на предлог на шефот на дипломатско-конзуларното претставништво на земјава во странство или по предлог на друг државен орган.

Инаку, проектот МКарта претставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во странство, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Македонија.

ЗА НИВ НЕМА ЧЕКАЊЕ 69 македонски државјани од дијаспората добиле МКарта

Поврзани содржини