ПО КАВГА ВО СООБРАЌАЈ ИЗВАДИЛ ОСТАР ПРЕДМЕТ И БОДЕЛ Уапсен насилник од Семениште кај Сарај
На стариот пат Тетово – Скопје, осомничениот употребил остар предмет и му нанел убодни рани на другиот возач.
Во селото Семениште, општина Сарај, вчера напладне полицијата го уапсила 25-годишниот С.Х., откако бил пријавен дека по недоразбирање во сообраќајот физички нападнал 34-годишен маж од селото Арнакија.
Според пријавата, на стариот пат Тетово – Скопје, осомничениот употребил остар предмет и му нанел убодни рани на другиот возач.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР.