По катастрофалната поплава во Белгија, обвинителството поведе истрага за убиство од небрежност

Лиеж, град на југот на земјата, беше најтешко погоден од неодамнешните поплави, потсетува Гардијан.

337

Белгиски судија отвори истрага за убиството од небрежност поради неодамнешните поплави во кои загинаа 38 лица, објави обвинителството во Лиеж.

Сега судијата мора да идентификува кој би можел да биде одговорен за „убиство од небрежност поради недостаток на увид во ситуацијата или мерки на претпазливост“, рече обвинителството.






Лиеж, град на југот на земјата, беше најтешко погоден од неодамнешните поплави, потсетува Гардијан.

По поплавите на 14 и 15 јули, се постави прашањето кој е одговорен за дефектот на алармниот систем.

Некои жители велат дека воопшто не биле предупредени дека браната во Еупен, на истокот од земјата, која била поплавена, отворила безбедносна врата пред сите да бидат евакуирани.

Претходно оваа недела, белгиската партија Хуманистички демократски центар (ЦДХ) повика на формирање парламентарна комисија која ќе ги испита поплавите. ЦДХ наведува дека не сакаат „лов на вештерки“, но се надеваат дека истрагата ќе ја расветли катастрофата што ги снајде.

Група белгиски државјани, исто така, изјавија дека размислуваат за правни дејствија против државата, бидејќи таа не ги заштитува.

– Главниот приоритет е да им се помогне на жртвите и сите напори мора да бидат насочени кон решавање на кризата во моментов – велат од ЦДХ.

Федералната полиција за Франс пресс изјави дека 38 лица загинале во поплавите, што не одговара на бројот од 41 жртва што го изјави шефот на регионалната влада на Валонија, Елио ди Рупо.

Соседна Германија исто така беше погодена од катастрофални поплави во кои загинаа повеќе од 180 луѓе.

Поврзани содржини