ПО ИЗБОРИТЕ ХОНОРАРЦИТЕ ЌЕ СЕ ВРАТАТ ВО МКЦ Шаќири вели дека го почитувал Изборниот законик

360

Нема своеволно откажување на ангажманот на хонорарците во МКЦ, туку станува збор за одлука базирана на Изборниот законик., а по изборниот процес овие лица ќе се вратат во МКЦ, се наведува во соопштение од МКЦ испратено од директорот Арбен (Бени) Шаќири.

Соопштението го објавуваме интегрално






„Изминативе денови јавноста e доведена во заблуда од неточните и еднострани информации кои се пласираат, а се поврзани со МКЦ, поточно со истечените договори на 30 лица кои биле хонорарно ангажирани во институцијата.

Имено, се работи за придржување кон законските обврски кои произлегуваат од известувањето на ДКСК и Изборниот законик според член 8-а, упатено до сите институции. Од таа причина сите лаги, клевети и обвинувања на сметка на МКЦ ги отфрламе како неосновани и како дел од хајка која се врши со цел да се наруши угледот на институцијата и нејзиното раководство. Во тој контекст нагласуваме дека ниту еден настан од програмата и според предходно потпишаните договори не е откажан. Исто така нагласуваме дека се работи за инсинуација дека на МКЦ е ставен клуч со што ги отфрламе сите обвинувања дека МКЦ не работи. МКЦ е и останува институција отворена за сите.

Преку ова соопштение сакаме да ја известиме јавноста дека апсолутно не станува збор за своеволна еднострана одлука за прекин на договори, туку се работи исклучиво за придржување и почитување на законските прописи согласно Изборниот законик кој стапува на сила од денот на распишување на претседателските и парламентарните избори 2024 година.

Би сакал да ве известам дека веднаш по завршувањето на изборниот процес и во моментот кога истото ќе биде дозволено според законските прописи, хонорарно ангажираните лица кои се неопходни за редовното функционирање на институцијата повторно ќе бидат со работен ангажман.

Исто така сакаме јавно да укажеме дека сите претходни раководни структури на институцијата како и до сите претходни мандати на состави на совети при град Скопје, се дозволило институцијата да се доведе во позиција без да се регулира трајно статусот на времено ангажираните лица во МКЦ.

Нагласуваме дека е упатен и официјален допис до ДКСК со цел да се добие мислење/согласност за понатамошно дејствување на што се уште до МКЦ нема пристигнато никаков одговор!“, се наведува во соопштението на директорот на МКЦ.

Поврзани содржини