ПО ИЗЈАВАТА НА ГАБРИЕЛ ЈАСНО Е ДЕКА Е МОЖНО НОВО ВЕТО Николоски вели дека наместо да прави отстапки, Македонија треба да се избори со корупцијата

Тоа што ние цело време го прашуваме дали ќе се случи и легитимно се поставува прашањето дали ако утре се случат уставни измени за 6 месеци ние нема да имаме пак бугарско вето затоа што нема да прифатиме дека Гоце Делчев бил бугарски учител. Тоа е следното кое ќе го побараат и кое ќе го стават на маса. И тука се поставува прашањето до кога Македонија е спремна да трпи шокови како општество, до кога ние сме спремни да кризираме како општество, дали ќе ги чекаме секои 6 месеци за некој во Бугарија да си крева рејтинг и таму да си прави политички ќеиф, изјави Николоски.

3,216

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, смета дека изјавата на бугарската шефица на дипломатијата Марија Габриел дека уставните измени не се единствениот услов за Македонија на патот кон ЕУ е потврда за она што ВМРО-ДПОМНЕ го зборувало и потврда дека е можно ново бугарско вето. Николоски го изјави ова на презентацијата на истражувања на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во кои се спомнува дека драстично опаднала поддршката за уставните измени и за ЕУ во земјава.

– Распространета е корупцијата од целиот систем и доколку со тоа не се избориме никогаш нема да почнеме преговори и обратно убеден сум дека ако дадеме резултати тука, а први резултати можат да се дадат од 6 до 9 месеци дека и Бугарија нема да се однесува вака како што се однесува затоа што никој во моментов не врши притисок врз Бугарија и беше споменато, Марија Габриел која за брзо ќе биде и премиер на Бугарија и која важи за помеките политичари таму, беше и европски комесар до скоро кажа дека тој таканаречен компромис кој овде пежоративно се нарекува француски предлог содржи три меѓусебно поврзани работи. Тоа е промена на Уставот, тоа е примена на Договорот за добрососедски односи и пријателство кој според мене не е ни за добрососедство ни за пријателство и третото е спроведување протоколите поврзани со историјата. Или во превод го кажа тоа што ние го зборуваме година и половина и кажа во превод дека дури и да се случат овде уставни измени ако по однос на другите две работи нема напредок ние сепак ќе имаме бугарско вето. Тоа што ние цело време го прашуваме дали ќе се случи и легитимно се поставува прашањето дали ако утре се случат уставни измени за 6 месеци ние нема да имаме пак бугарско вето затоа што нема да прифатиме дека Гоце Делчев бил бугарски учител. Тоа е следното кое ќе го побараат и кое ќе го стават на маса. И тука се поставува прашањето до кога Македонија е спремна да трпи шокови како општество, до кога ние сме спремни да кризираме како општество, дали ќе ги чекаме секои 6 месеци за некој во Бугарија да си крева рејтинг и таму да си прави политички ќеиф – изјави Николоски.






Според Николоски најмногу загрижува фактот од истражувањата кој посочува дека половина од младите на 18 до 24 годни се евроскептични, но исто така и дека 90 отсто од младите рекле дека би се иселиле. Според него тоа може да ја доведе Македонија во најлошна можна ситуација, а вакво нешто веќе им се случило на Хрватска, Бугарија, Романија, Полска. Тој вели дека прашањето на отпочнување на преговорите за Македонија е политичко, исто како што Украина која е во војна и Молдавија  ги отпочнаа преговорите, додека на БиХ, според него, „ѝсе даде да дозаврши одредени работи како последица на војна во 90-тите“.

– Покрај политичко јас мислам дека е многу поврзано и со принципот на владеење на правото затоа што сум убеден и ова го зборувам од 2018-та година континуирано без прекин дека основната причина зошто Македонија не почнува преговори за членство со Европската Унија е високото ниво на криминал и корупција и принципот на неказнивост – додава Николоски.

Тој потсети дека во 2018 гоина било споменувано дека имало позитивна енергија и еуфориуја дека со Преспанскиот договор ќе се реши спорот со Грција и дека „мед и млеко ќе потече во државава“. Николоски вели дека иако се брзало со потпишувањето на Договорот во јуни 2018 година, седум дена подоцна Македонија не добила почеток на преговори туку три обврски за реформи, од кои, според него, „ниту р нема реализирано“.

– Првата (задача) е реформа на безбедносните структури, на хартија кажаа се случи, во пракса не се случи. Јас лично сум предмет на нелегално следење на безбедносните служби во државава конкретно на агенцијата за разузнавање во овој момент како и дел од водството на мојата политичка партија, значи реформи на безбедносните служби на хартија имаме во пракса немаме. Втората работа беше реформи на јавната администрација, „р” нема од реформи во јавната администрација се понеефикасно станува и се погломазна и третата задача која ја доби Македонија беше борба со високиот криминал и корупција, каде сите гледаме што се случува – истакна Николоски.

Тој исто така тврди дека неколку големи земји членки на ЕУ се не се убедени дека државата заслужува почеток на преговори за членство токму поради неиспоолнувањето на овие обврски.

 

 

Поврзани содржини
na