Мадона сподели со своите обожаватели дека мора да оди на терапија поради силните болки по операцијата на коленото. Во вторникот, 61-годишната пејачка изјави дека чекала долго време на третман, а попатно објави две нејзини фотографии во проѕирно неглиже.
„Конечно ќе одам на терапија. Би скокала горе-долу од среќа доколку можев по осум месеци болка. Посакајте ми среќа“, напиша кралицата на поп-музиката.
Нејзиниот задник е во преден план на фотографиите, а лани се шпекулираше дека музичката легенда се подложила на вградување импланти. Потоа, обожавателите забележале дека нејзиниот задник одеднаш го променил обликот.
FOTO: Instagram