ПО ФАМОЗНОТО СЕЛФИ ВО АВИОНОТ, МАКЕДОНИЈА Е ПОДАЛЕКУ ОД ЕУ Тие нè оддалечија, а сега обвинуваат дека поради ВМРО-ДПМНЕ сме изолирани
Пратеникот Миле Лефков вели дека Македонија ќе биде повторно исправена и без прифаќање на диктати и уцени, ќе ги отвори преговорите за членство со ЕУ.
Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е сè подалеку од Европската Унија, а истата уште толку нè оддалечи од нејзините врати поради лошите политики на СДСМ-ДУИ рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на прес-конференција во партиското седиште.
– Криминалната коалиција на СДСМ-ДУИ, наместо како што ветуваа почеток на преговори со ЕУ, нè дистанцираа од неа. Граѓаните препознаа дека зад памфлетите се кријат манипулации, за да можат да крадат. Затоа СДСМ беше казнета на последните избори, пораз кој станува сè поголем, особено ако се погледнат последните анкети каде имаат тенденција на дополнително паѓање. Откако направија сè, за да нè понижат како народ, сега СДСМ вели дека поради ВМРО-ДПМНЕ сме биле изолирани, рече Лефков.
Заврши времето на виткање на кичмата и спроведување на диктати, на играње игра со чувствата на граѓаните, додаде тој.
„Заврши времето на местење тендери, на осудени криминалци што шетаат по улиците, на корумпирани политичари, обвинители, судии. Над 450 илјади граѓани ја дадоа довербата на ВМРО-ДПМНЕ да ја водиме Македонија со нашите јасни политики за управување на државата. Македонија ќе биде повторно исправена и без прифаќање на диктати и уцени, ќе ги отвориме преговорите за членство со ЕУ“, рече Лефков.