ПО ЕДЕН МЕСЕЦ ПАК СЕ СПОИЈА Новак и Јелена повторно заедно (ФОТО)
Ноле и Јелена се немаат видено од 4 јануари, кога Ѓоковиќ отпатува за Мелбурн на Австралија опен.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по еден месец повторно е во прегратките на сопругата Јелена со која престојува во Белград.
Ноле и Јелена се немаат видено од 4 јануари, кога Ѓоковиќ отпатува за Мелбурн на Австралија опен, каде, сепак, не играше, бидејќи со одлука на тамошните имиграциски власти беше депортиран непосредно пред почетокот на натпреварот.
Додека Новак поминуваше низ сагата во Австралија, Јелена не се огласуваше во јавноста.
По враќањето од Австралија, Новак слетал во Белград, но не останал во главниот град на Србија, туку веднаш заминал во Црна Гора.
Таму поминал извесно време – бил во Острог, Жабљак, Никшиќ, а пред неколку дена повторно се вратил во Белград.
Ноле и Јелена сега не се делат еден од друг, а денеска уживале во Ада Циганлија. Во текот на прошетката биле запрени од обожавателите на Ноле со кои тој како и секогаш со задоволство се фотографирал, а и Јелена била одлично расположена и не ја симнувала насмевката од лицето.
Додека Новак позирал со обожавателите, Јелена стрпливо чекала настрана.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм