ПО ДОЛГО ВРЕМЕ Легендарниот Мишо Ковач снима нова песна и спот (ВИДЕО)

Мишо, инаку, сончевата недела на сплитското подрачје ја искористил за снимање на видеоспот.

772

Иако долго време се нема појавено, легендарниот пејач Мишо Ковач, вчера е снимен во јавноста.

А, како што пишува „Слободна Далмација“, 80-годишниот пејач на терасата од семејната куќа во Строжанац на хрватското јадранско крајбрежје, се чини, снимал видеоспот.






Мишо, инаку, сончевата недела на сплитското подрачје ја искористил за снимање на видеоспот.

„Штом мојата душа оди меѓу ѕвездите, чувај го моето писмо, пиј за мене…“, се слушнал гласот на Мишо на музичката матрица. Тој бил во друштво на неговата сопруга Лидија.

Инаку, тој неодамна добил внука од својата ќерка Ивана, па тоа со задоволство го коментира за хрватските медиуми.

Видеото можете да го погледнете тука.

ФОТО: Фејсбук

Поврзани содржини