По десет години пожарникари извлекоа пешачки мост од бездна

235

Пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Струмица денеска го извлекоа пешачкиот мост, кој десет години беше во бездна до трим патеката која води до манастирот „Свети Илија“.

– Мостот беше урнат пред десет години од големата поплава која го зафати градот во септември 2010 година. Со специјален алат успеавме да го извлечеме и повторно да го поставиме на патеката – рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.






Тој додаде дека мостот нема многу оштетувања и може да се користи, но во наредните денови заедно со ЈПКД „Комуналец“ ќе преземат мерки за да биде сигурно преминувањето преку него.

Поврзани содржини