Утре од 8 часот наутро ќе биде затворена едната коловозна лента на улицата Даме Груев во центарот на Скопје.
Екипи на ЈП Улици и патишта Скопје продолжуваат со активностите за реконструкција на коловозната површина на улицата Даме Груев и машински ќе го гребат оштетениот асфалт на потегот од раскрсницата со улицата Македонија до улицата 11 Октомври.
Поради изведба на градежните активности на овој потег, па сѐ до завршувањето ќе биде затворена едната коловозна лента и обележана со соодветна сигнализација.