По 70 години Карбинци ќе добие канализација

360

Министерството за транспорт и врски инвестира преку 25 милиони денари за изградба на две пречистителни станици и канализациона мрежа во населените места Нов Караорман и Козјак во општина Карбинци. Со овие инвестиции кои за прв пат се реализираат во општината го подигнуваме квалтетот на живеење во овие места и инвестираме во заштита на животната средина, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Карбинци.

Министерот Бочварски заедно со градоначаланикот на општина Карбинци, Јордан Насев извршија увид во изградба на пречистителна станица и канализациона мрежа во населеното место Нов Караорман.






Со проектот се предвидува изградба на канализациона мрежа од 1.600 метри со пречистителна станица, каде отпадните води од насленото место Нов Караорман ќе се собираат и ќе се пречистуваат.

– До сега во ова населено место никогаш немало канализационен систем, а овде живееат граѓани но работат и индустриски капацитети. Ова е прашање кое го решивме многу брзо заедно со градоначалникот. До сега околу 80 проценти е реализиран овој проект и многу скоро очекувам да биде завршен. Паралелно со ова, завршуваме со изградбата на канализационен систем исто така од овој тип за населеното место Козјак и верувам дека со овие два проекти значително го подобруваме животот во овие населени места – изјави Бочварски.

 

Поврзани содржини