ПО 40 ГОДИНИ СЕ РЕНОВИРА КУЈНАТА ВО „СРНИЧКА“ Овде се готви за 6 градинки

222

По цели 40 години Општина Аеродром врши темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“ во објектот „Чекорче“.

Деновиве интензивно се работи на промена на плочките, рушење на одредени ѕидови, промена на водоводната мрежа и на целосна замена на електричната инсталација, како и други градежни активности што се финансирани од Општина Аеродром.






По завршувањето на инфраструктурните работи со средства од Светска банка, кујната ќе биде опремена со целосно нова апаратура и друга потребна опрема.

Увид во градежните работи денеска извршија в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Тие констатираа дека станува збор за многу значаен проект, бидејќи во оваа кујна секојдневно се подготвува храна за сите шест клонови што припаѓаат на градинката „Срничка“ во која се згрижени речиси половина од дечињата во Аеродром.

Општината посветено работи на подобрување на условите во кои се згрижуваат и се воспитуваат нашите најмали.

 

Поврзани содржини