ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО НА ЗАГИНАТИТЕ ПАЦИЕНТИ Црвениот крст доделува еднократна парична помош

464

Црвениот крст на Македонија на семејствата на загинатите граѓани во пожарот во модуларната болница во Тетово ќе додели еднократна помош во висина од 30.000 денари по семејство.

– Длабоко сочувствуваме со семејствата на загинатите и на повредените граѓани во трагичниот пожар во ковид центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 8 Септември 2021 година. Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе им додели еднократна  парична помош во висина од 30.000,00 ден по семејство – велат од Црвенниот крст.

 

Поврзани содржини