По 20 години власт, на Али најтешко му е да извика „ДА за Македонија, НЕ за криминалот!“
Премногу е очигледно за сите и дома и надвор, за Ахмети лажно да се моли пред странци за поддршка со флоскулата „не за Русија, да на Европа“. Ај што Али е учен марксист- ленинист, почитувач на ликот и делото на Енвер Хоџа, тој зборува за капиталистичка и демократска Европа, туку и во сите овие наброени и недоброени случаи се поврзани неговите најблиски соработници и членови на семејството!
Интересен е ставот на Али Ахмети во пресрет на изборите, па во повикот да се гласало за ДУИ извика „не за Русија, да за Европа“.
Од каде му истекна на Ахмети ваков став? Каде ја препозна потребата за тоа? И како ја поврза со ДУИ токму во влез на избори?
По речиси осум години споделена влада со СДС, кој ионака е како безгласна буква, дали овој став значи дека до сега владата била „да за Русија, не за Европа“? Дали ова значи токму тоа, дека ДУИ и СДС се носители на руско влијание, од позиција на носители на власт?
Да разложам, за да биде појасно.
Кампањата на парламентарните избори им беше „псе јо“! Зошто не. Без образложение за руско влијание, туку за наметнување уцена кон СДС, којшто ја лапна јадицата.
Кампањата на локалните избори беше „зелена агенда“. Еколошка, де. Пак ниту збор за Европа или Русија, иако потоа преминаа во сеќавања за наводен воен плен, ама пак без ниту збор за руско влијание.
Сега, главна нота на кампањата, според повикот на Ахмети, ќе е справување за наметнување „да за Европа“, а против наводно руско влијание во Македонија.
Тоа беа накусо кампањите и појавувањата на ДУИ во јавноста, а впрочем за нивната политика само на избори се слуша.
Но, што се случува во меѓувреме?
Државата во хаос, со страшни криминали и непотизам насекаде, правда нема никаде, страотна сиромаштија и инфлација. Ужасни корупциски скандали на владата што ја води, де факто, ДУИ, со премолчено одобрување на СДС. И секако, ДУИ, Али и неговите миленици за овие скнадали „мува не ги лази“. Та нели, воен плен.
И оттука, да ги споиме сите делови во оваа анализа:
– Дали Али во релацијата на внукот на Ахмети со челниците на Т.Ц. Соравија препозна „да за Русија“, или вмешано руско влијание? Дали Али таму виде „не за Европа“?
– Дали Али препозна руско масло во изборот на надзор за коридорите во рацете на ДУИ (да, оние за гаќи)? Или беше кинеско, но секако не е европско. Дел од вестите беа во таа насока, па можеби тоа било владиното „не за Европа“, за кое сега Али прави т.н. „ју трн“?
– Дали Али увиде „не на Европа“ и руско влијание во трговијата со нафта во земјава водена од членови на ДУИ и од семејството на Ахмети? Секако, доколку ги препознал ликовите како семејни од телевизија, во аналитичките емисии и интервјуата.
– Дали можеби Али видел „не на Европа“ во зафатите со игрите на среќа и самоволието на Лотарија? Или таквите непосакувани врски се само и само одговорност на Груби? Дел од документацијата посочува на врски и со „черепи“ и со руски „типови“.
– Дали Али предочува и руско замешателство и „не на Европа“ во последниот обид за когенеративна за Скопје на руски гас? И тоа е утврдено, дека гасот ќе е руски. И бегството на ДУИ беше евидентно, па јадицата ја лапна гласниот Битиќи од тивкиот СДС.
– Или можеби поттикот за Али така гласно да се спротистави на неевропското и во предизборна кампања да викне „не за Русија, да за Европа“ беа средбите на Талат Џафери со чеченските претставници блиски до Путин?
И оттука, па дали Ахмети мисли дека му треба власт за да си расчисти со ваквите појави во ДУИ, дали мисли дека некој ќе поверува дека бара власт за тргање за конечно да биде „да за Европа“, ама во однос на практикување на власт, право, почитување закони и одговорност?
Не сакам да кажам дека криминалот на ДУИСДС е поврзан со руско влијание. Напротив, тој е „аутохтонус“. Ничие странско влијание не е потребно за да се сфати криминалното делување на ДУИСДС и дека власта им е потребна за таа да продолжи. Та нели и на амбасадорот, којшто замина во Мала Речица, ете така му текнало само да си муабети за корупцијата и криминалот, без да посочи име?
Премногу е очигледно за сите и дома и надвор, за Ахмети лажно да се моли пред странци за поддршка со флоскулата „не за Русија, да на Европа“.
О, вака идеолошки анализирано, ај што Али е учен марксист- ленинист, почитувач на ликот и делото на Енвер Хоџа, тој зборува за капиталистичка и демократска Европа, туку и во сите овие наброени и недоброени случаи се поврзани неговите најблиски соработници и членови на семејството!
Едноставно, срамно е да се излезе со став „да за Европа“ по оној катастрофален извештај со девет нули од ЕК, токму за работата на Бујар Османи и на марионетата Бојан Маричиќ.
Впрочем, да беше вистина, Ахмети немаше да бега од кандидатура и да го брише срамот со Бујар Османи, туку сам ќе се истопореше на претседателските избори.
Ама, дали може сам уште еднаш искрено да викне „не на Русија, да на Европа“?
За жал, верувам во бесрамноста.
Но, тоа е друга тема.
Сепак, знам што му е најтешко.
И по 20 години кампањи и власт, на Али најтешко му е да извика „ДА за Македонија, НЕ за криминалот!“