ПО 20 ГОДИНИ ДОКАЖА ДЕКА НЕ СИ ГИ УБИЛА БЕБИЊАТА Најомразената Австралијка излезе од затвор, ќе добие голема отштета

Во 2018 година медицинските докази покажале дека две од девојчињата имале ретка генетска варијација позната како CALM2-G114R. Тоа сугерирало дека има големи шанси смртните случаи да се природни.

1,881

Кетлин Фолбиг се сметаше за најлошата жена сериски убиец во Австралија и помина две децении во затвор. По 20 години таа е слободна од обвинението дека ги убила своите четири бебиња и сега може да ја добие најголемата исплата на компензација во историјата на државата, пишува Гардијан.

– Речиси четвртина век се соочував со неверување и непријателство. Имав злоупотреба во сите нејзини форми. Се надевав и се молев дека еден ден ќе можам да стојам овде со исчистено име. Се надевам дека никој друг никогаш нема да мора да го трпи тоа што го претрпев јас – рече таа откако беше ослободена.






Слободата Кетлин ја добила поради тоа што судот конечно разгледал медицински докази во врска со случајот. Претходно, во 2003 година, кога била осудена, судот не се повикал на научни докази туку на нејзиниот личен дневник кој го водел. Четирите деца, Кејлеб, Патрик, Сара и Лаура починале меѓу 1989 и 1999 година на возраст меѓу 19 дена и 18 месеци.

Во дневникот за смртта на последното дете кое починало, Лаура, Кетлин напишала:

„Толку луто ѝ викав што ја исплашив, таа не престана да плаче. Стана толку лошо што речиси намерно ја испуштив на и ја оставив таму“.

И додала:

„Доволно се воздржав за да ја оставам на подот и да си заминам. Отидов во мојата соба и ја оставив да плаче. Ме немаше веројатно само 5 минути, но изгледаше како цел живот. Се чувствувам како најлошата мајка на оваа земја. Исплашена сум дека таа ќе ме остави сега. Како што направи Сара. Знам дека сум со краток фитил и понекогаш сум сурова со неа и таа си замина. Со малку помош“.

Кетлин во четвртокот го обвини обвинителството дека нејзините зборови ги извадил од контекст.

– Тие на тепка си избираа зборови и фрази од моите дневници. Тие книги ги содржеа моите приватни чувства, кои си ги напишав себеси. Никој не очекува такви работи да ги читаат странци, а камоли да имаат мислење. Моите зборови ги извадија од контекст и ги свртеа против мене. Ме обвинија за нешто за што никогаш не сум напишала, никогаш не сум го направила и никогаш не сум можела да го направам.

Исто така, во 2003 година судот не повикал трауматолози или експерти за дневници за да дадат докази.

Случајот против Кетлин Фолбиг, исто така, се потпирал на Законот на Медоу, контроверзна и сега дискредитирана наредба дека три или повеќе ненадејни смртни случаи на доенчиња во едно семејство ќе се сметаат за убиства додека не се докаже спротивното.

Како што поминувале годините сè повеќе правници и адвокати се сомневале во случајот со Кетлин. Во 2017 година била ангажирана адвокатката Рани Рего. Во 2018 година медицинските докази покажале дека две од девојчињата имале ретка генетска варијација позната како CALM2-G114R. Тоа сугерирало дека има големи шанси смртните случаи да се природни.

Потоа меѓународен тим на научници откриле дека Кејлеб и Патрик, носат варијанти на генот познат како BSN „кој покажа дека предизвикува ран почеток на смртоносна епилепсија кај глувците“.

Експертката за правда Ема Канлиф уште во 2011 година изјавила дека пресудата е мизогинистичка и дека се работи за ожалостена мајка која се обидувала да ја разбере сопствената траума по смртта на децата.

Според неа, било нормално што Кетлин ги оставала децата на грижа за да може да оди во теретана – нешто што судот го сметаше за сомнително во предметот.

Во целиот случај, еден од најголемите застапници на Кетлин била пријателката од детството Трејси Чепмен, која секогаш верувала дека таа е невина. За 20 години додека Кетлин била во затвор, другарката Чепмен се соочила со навреди и смртни закани додека ја поддржувала.

„20-годишната борба за Кетлин беше тежок напор. Тоа неа ја чинеше неколку работни места, губење на приход и уништени животи и односи. Тоа бараше и огромна ментална сила“.

Поврзани содржини