ПО 2-3 ДЕЦА СЕ КАЧУВААТ НА ТРОТИНЕТ, ПА ЗАВРШУВААТ ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ НЕСРЕЌИ Романските градоначалници бараат промена на законот за електричните тротинети

За само 2 дена, полицијата во округот Тимиш изрече над 100 казни. Видеа со тинејџери кои возат со голема брзина се појавуваат секојдневно на социјалните мрежи, вклучително и на места каде што не се дозволени тротинети.

383

Градоначалниците во Романија бараат законски измени за електричните тротинети поради честите несреќи во земјата, пренесува телевизијата Диџи24.

За само 2 дена, полицијата во округот Тимиш изрече над 100 казни. Видеа со тинејџери кои возат со голема брзина се појавуваат секојдневно на социјалните мрежи, вклучително и на места каде што не се дозволени тротинети.






– Ова е феномен што излезе од контрола, по 2-3 деца се качуваат на еден тротинет. И кога им приоѓам да им дадам забелешка, ме пцујат – вели градоначалникот на Мошница Ноуа, Џералд Симонис.

Тој стравува дека ако не се преземат итни мерки во рок од неколку дена, може да се стигне до првата жртва.

Според локалните власти, понеодговорни од децата се нивните родители кои им купуваат такви превозни средства и им дозволуваат да возат без кациги, штитници за колена или за лакти.

– Во последниот месец, откако почна убавото време, имавме 12 случаи на несреќи предизвикани од електрични тротинети – рече Михаи Гафенцу, директор на Детската болница „Луис Цуркану“ во Темишвар.

Според сегашното законодавство, за да се вози електричен тротинет во Романија, мора да имате најмалку 16 години, да не превезувате други патници, да не возите по тротоар и да носите заштитен шлем.

Поврзани содржини