По 18 часа прекин, Дебар доби струја

174

Стручните лица од интервентите екипи на АД МЕПСО вложија натчовечки напори и успеаја по непрекината 16 часовна работа да го вклучат под напон 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље.  И со тоа денеска во 4.15 часот да создадат услови за жителите на Дебар и неколку околни населени места да добијат снабдување со електрична енергија, информира МЕПСО.

– Електро монтерите на МЕПСО минатата ноќ работеа во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар.






Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од невремето, беше регистриран вчера во 10.35 часот.

 

Поврзани содржини