ПО 150.000 ДЕНАРИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ Црвениот крст ги подели средствата за загинатите и повредените во Кочани
Досега, вкупно се собрани 61.852.758 денари во рамки на хуманитарната акција за поддршка на настраданите од несреќата.
Црвениот крст денеска изврши исплата на финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените во трагичната несреќа во Кочани.
Средствата се исплатени на 58 семејства на починати лица, вклучително и семејството на загинатиот возач на Брзата помош, како и на 91 семејство на повредените лица кои се лекуваат во странство.
„Секоја од овие семејства доби по 150.000 денари. За две семејства на загинати и 24 семејства на повредени лица сè уште се чекаат дополнителни податоци за исплатата, додека во тек е прибирање информации и за оние што се лекуваат во домашните болници“, велат од Црвениот крст.
Досега, вкупно се собрани 61.852.758 денари во рамки на хуманитарната акција за поддршка на настраданите од несреќата.