ПМ10 ЧЕСТИЧКИТЕ НАДВИСНАА НАД СКОПЈЕ И НАД СТРУМИЦА Се гушат Центар, Гази Баба, Лисиче, Ректорат и Струмица

Во неколку скопски населби и во Струмица веќе е надмината густината од 150 милиграми ПМ10 честички на метар кубен.

961

ПМ10 честичките пак се тука и зимава, а во моментот нивната дозволена густина од 150 милиграми на метар кубен е надмината во неколку скопски населби и во Струмица, алармираат од Министерството за животна средина. Во Скопје станува збор за населбите Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректоратот. Еве која била зачестеноста на ПМ10 честичките во последните два дена:

извор: МЖСП





Во годината што доаѓа ќе имаме три пати помал буџет за справување со загадувањето, односно само 73 милиони денари наспроти 213 милиони кои ги имавме годинава. Од СДСМ ја повикаа градоначалничката Данела Арсовска да одговори зошто ова е така, на што Арсовска одговори дека градската администрација презема сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од нивните најголеми приоритети.

„Покрај неодговорната работа на претходното градско раководство, сигурен проблем во справувањето со загадениот воздух оваа зима ќе биде и економската криза која директно удира по граѓаните. По најавите за драстично зголемување на цената на електричната енергија, дел од граѓаните најавуваат дека за огрев ќе користат дрва, што дополнително негативно ќе се одрази на загадувањето на воздухот“, велат од Град Скопје.

Поврзани содржини