ПЛУС 16.000 ДЕНАРИ САМО ЗА 8 ДЕНА Пратениците зедоа 78 отсто повисока плата

819

 

Додека владата разгледува опции откако Уставниот суд ја укина замрзнатат основица, плата според новите пресметки добија пратениците, а деновиве ќе легнат и на сметките на останатите функционери.






Пратениците за само осум дена од минатиот месец (на 23 март Уставен ја укина одредбата) на своите сметки добиле во просек по 16 000 денари плус, а ако нешто не се смени нивната плата во иднина би била околу 1750 евра, а на министрите пак околу 1850 евра, објави телевизија Телма.

 

На тема повисоки плати за 78 отсто за функционерите, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма вечерва не бил слободен да гостува не само ниту еден министер, туку и ниту еден пратеник било од владејачкото мнозинство или од опозицијата.

Поврзани содржини