Плнаковиќ ќе намали министерства и општини
Според новата структура, ќе има вкупно 16 министерства, што е намалување за четири, изјави Пленковиќ.
Мандатарот за состав на новата влада и до неодамна премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ најави помал број министерства, но и намалување на бројот на општините и локалните власти.
– Новата влада ќе има четворица потпретседатели. Двајцата нови потпретседатели се Томо Медведев и Борис Милошевиќ. Според новата структура, ќе има вкупно 16 министерства, што е намалување за четири – изјави Пленковиќ за „Нови лист“.
Како што појасни, ќе се спојат министерствата за правда и администрација, градежништво и државен имот. На Министерството за труд и пензиски систем ќе му се додаде и секторот за социјална политика. Ќе има и ново министерство за туризам и спорт, а во Министерството за економија и одржлив развој ќе биде секторот за енергетика и климатски промени.
– Во првиот чекор, ова намалување на бројот на министерства значи помал број министри, што ќе ми го олесни управувањето со владата и комуницирањето со одделни министри. Така ќе можам да посветам поголемо внимание на секој од одделит – рече Пленковиќ.
Тој исто така најави дека во новиот мандат планира да го преполови бројот на локалните власти со укинување на позициите заменици-градоначалници, градоначалници и жупани, пренесува Н1 Загреб.
– Тоа ќе донесе годишна заштеда од најмалку 100 милиони куни (13 милиони евра) – рече Пленковиќ
Според него, станува збор за анализа на функционално спојување на општините, а бројот на агенции и заводи е намален.