ПЛИНСКА БОЦА ПУКНАЛА ВО СТАН ВО ШТИП, ПОВРЕДЕНА СОПСТВЕНИЧКАТА Летнале врата и прозорец и паднале врз „југо“

Во петокот во Штип била пријавена експлозија на плинска боца во стан на улицата Вера Циривири Трена, сопственост на 70-годишната П.Р. Од силниот притисок на експлозијата, вратата и прозорецот биле исфрлени од станот.

239

Едно лице се здобило со повреди при експлозија од плинска боца во стан во Штип, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

Во петокот во Штип било пријавено дека на улицата Вера Циривири Трена настанала експлозија од плинска боца во стан, сопственост на П.Р., на возраст од 70 години, при што од притисокот, врата и прозорец биле исфрлени од станот и паднале врз паркирано патничко возило „југо“.






Од експлозијата, сопсветничката се здобила со повреди и била пренесена во Клиничката болница – Штип за укажување лекарска помош.

Поврзани содржини