ПЛАТИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ЌЕ ПОРАСНАТ ЗА 21% Филков потпиша колективен договор

Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази по 7% зголемување од 1 март 2026 година до 1 март 2028 година.

80

Министерот за правда Игор Филков заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ) го потпиша Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%.

Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази: 7% зголемување од 1 март 2026 година; 7% дополнително зголемување од 1 март 2027 година и 7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година.






Колективниот договор дополнително предвидува:

– Додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време.

– Јубилејни награди

– Регрес за годишен одмор

– Заштита од вознемирување на работното место

– Мерки за безбедност и здравје при работа

За вработените во Министерството за правда ова значи поголема мотивација, но и зголемена одговорност,ефикасност и професионалност во секојдневната работа, како и повисок квалитет на услугите кон граѓаните, соопшти Министерството.

 

 

Поврзани содржини