ПЛАТИТЕ НЕ ДОЦНАТ, САМО СЕ НА ОДОБРУВАЊЕ Од ЈСП велат дека постои политичка тензија за да се создаде вештачка криза
Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа - информираат од ЈСП.
По најавите дека автобусите на ЈСП утре нема да сообраќаат низ Скопје, поради неисплатени плати, од јавното претпријатие се огласија со појаснување.
Од ЈСП велат дека платите не доцнат, и дека во моментов се на одобрување со пресметки за дополнителни работни часови и прекувремена работа. Тие истакнуваат дека „постои политичка тензија за да се создаде вештачка криза“.
„Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат шест месеци, платите во МЗТ доцнат три месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини. Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“ – стои во известувањето од ЈСП.