Платформата за онлајн учење го падна првиот тест (ФОТО)

Единствената порака што учениците и родителите ја добиваат кога ќе се обидат да се логираат гласи: „Се враќаме за кратко“.

1,175

Учениците и родителите викендов ги добија лозинките со кои ќе можат да се логираат на новата Национална платформа за учење на далечина (www.schools.mk). Со оглед на тоа што учебната година официјално започнува на 1 октомври, овие последни три дена беа предвидени за тестирање и прилагодување на платформата.

Но, платформата го падна тестот. Системот од утрово не функционира. Единствената порака што учениците и родителите ја добиваат кога ќе се обидат да се логираат гласи: „Се враќаме за кратко“.






Од Министерството за образование и наука смируваат и тврдат дека станува само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.

Фото: Принтскрин/WWW.SCHOOLS.COM
Поврзани содржини