ПЛАНИНСКА ТРАСА ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА МАКЕДОНЕЦОТ КОЈ ЗАГИНА ВО НОВИ САД Пријателите на Васко Саздовски ја маркираа патеката кај Ѓуришки манастир

Васко нѐ напушти прерано, но не нѐ заборави. Како подарок ни ја остави оваа негова патека, која ќе нè потсетува на него, на неговата љубов кон природата, неговата желба да создава, на неговата вечна инспирација, велат пријателите на Васко.

193

Во чест на Македонецот кој загина при уривањето на натстрешницата во Нови Сад, д-р Васко Саздовски, утре ќе пуштена рекреативна патека во неговото родно место Свети Николе. Шест негови пријатели, вљубеници во природата, во спомен на Васко маркираа рекреативна планинарска патека на Ѓуриште, насока која, како што велат, е трасирана од него.

„Васко нѐ напушти прерано, но не нѐ заборави. Како подарок ни ја остави оваа негова патека, која ќе нè потсетува на него, на неговата љубов кон природата, неговата желба да создава, на неговата вечна инспирација. Тој ја создаде, нас ни остана само да ја обележиме насоката и со секое искачување да правиме повторување на она во кое тој уживаше!“, велат неговите пријатели.






Фото: Приватна архива

Патеката е кружна, почнува и завршува на Ѓуришки Манастир каде што е поставена и информативната табла. Според информациите од табалата посавена на самот почеток на насоката, таа е лесна е за пешачење, обележана со црвено/жолта маркација, долга е околу 5км и се поминува за околу 1,5 час.

Официјалната промоција на патеката ќе биде на 24 мај во 10:00 часот, а сите пријатели, сограѓани на Васко се поканети да уживаат во патеката која го носи неговото име.

 

Поврзани содржини