Мајкл Напински, кој се изгубил како последица на смрзнување во американскиот национален парк Маунт Рејнир, се врати во живот откако срцето му застана и не чукаше цели 45 минути.
45-годишникот од Вудвинвил отишол на планинска прошетка со еден пријател на 7 ноември, но во еден момент решиле да се разделат. Пријателот тргнал да скија по удолницата, додека Напински продолжил да оди. Се договориле да се сретнат во подножјето.
– Бев прилично близу до крајот на патеката кога временските услови се влошија и во еден момент ништо не можев да гледам. Не сум сигурен што се случи потоа. Мислам дека паднав – се присетил Напински за „Сиетл тајмс“.
Кога не пристигнал на договореното место, неговиот пријател ги известил ренџерите кои започнале со потрагата. Поради лошите временски услови, хеликоптерот не можел да полета веднаш.
Сепак, спасувачката екипа во хеликоптерот по некое време успеа да полета и конечно да го пронајде по еден час, а потоа пристигнал поморскиот хеликоптер и го пренел во болницата Харборвју во болницата во Сиетл.
Пристигнал во бесознание, но имал пулс. Наскоро, меѓутоа, тој доживеал акутен застој на срцето. Напински имал пулс, но срцето му престанало.
– Умре додека беше во ургентниот центар, поради што бевме во единствена ситуација да примениме сè што ни стои на располагање за да се обидеме да му го спасиме животот – рече д-р Џанел Бадулак.
Тој бил медицински мртов уште 45 минути, за тоа време медицинските тимови се обиделе со кардиопулмонална реанимација и го прикачиле на специјална машина којашто овозможува крвта да се испумпува од телото во неа каде што се отстранува јаглерод диоксидот и се збогатува со кислород и потоа се враќа во телото.
За чудо, неговото срце повторно почнало да чука, а здравствената екипа цела ноќ ја поминало покрај него во обид да го стабилизира.
Два дена подоцна, Напински ги отворил очите. Иако тој сè уште закрепнува бидејќи бубрезите не функционираат правилно, срцето сè уште се мачи да циркулира крв низ телото и има смрзнатини, лекарите сметаат дека тој целосно ќе закрепне.
– Тој се врати од мртвите. Можеби не е најточно медицински да се каже, но неговото срце не чукаше 45 минути. Едноставно е неверојатно – рече раководителот на одделот за интензивна нега, д-р Саман Арбаби.