„ПЛАНИНА СРУШИВМЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ БЕЗБЕДЕН ПАТОТ ФАРИШ – ДРЕНОВО“ Николоски вели дека тоа е реалност, не спот на вештачка интелигенција на СДСМ

Овој пат ќе боде најлесниот и најбезбедниот начин за комуникација, што ќе значи од Скопје до Прилеп да се доаѓа за 1 час и 15 минути односно час и 20 минути, а од Скопје до Битола да се патува за  час и 40 минути, а секако после реализацијата на автопатот Прилеп - Битола кој што доста интензивно се работи и за многу, многу пократко, вели  Николоски.

136

Експресниот пат од Фариш до Дреново е втора најтешка делница за работа, по автопатот Кичево-Охрид, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николоски откко овој дел од патот денеска беше пуштен во употреба.

– Тунелите позади нас и планинанта позади нив  беа голем предизвик. Буквално планина се помести за да се изгради овој експресен пат и да е безбеден што е многу значајно. Ние решивме отворањето да се помести за неколку месеци со цел да имаме максимално безбеден експресен пат по кој граѓаните ќе можат да сообраќаат, но исто така и да ги отстраниме сите пречки кои што стоеа на реализацијата на овој пат шрече Николоски.






Тој забележа дека претходната влада дозволила да се гради пат над кој стои огромна карпа.

-Замислете претходната Влада не помислила дека ако цела карпа стои на патот дека е возможно во дадени временски услови недајбоже истата да се сруши и на патот. Затоа на крајот на минатата година заедно со Премиерот донесовме одлука да се реши тој проблем, еве денеска е решен, ќе може да се види позади овие тунели дека планината не постои и тоа ќе е најлесниот и најбезбедниот начин за комуникација, што ќе значи од Скопје до Прилеп да се доаѓа за 1час и 15 минути односно час и 20 минути, а од Скопје до Битола да се патува за  час и 40 минути, а секако после реализацијата на автопатот Прилеп – Битола кој што доста интензивно се работи и за многу, многу пократко – рече  Николоски.

Николоски рече дека лани пред изборите СДСМ по пат на вештачка интелигенција рекламирал дека патот Градско – Дреново до Фариш е завршен, но тој дури сега е готов.

– Во текот на минатата година за време на изборната кампања, заедно со тогашните кандидати за пратеници а сега пратеници, снимавме еден спот во кој ветивме дека во рок од една година експресниот пат од Градско преку Дреново до Фариш ќе биде завршен. Неколку дена после нас, спот извадија и од СДСМ, тогашниот носител  Венко Филипче со тогашниот министер за транспорт Благој Бочварски. И имаше две реалности, ние излеговме на пат кој што не постоеше, тие излегоа на завршен пат. И свативме дека тоа се првите употреби на вештачка интелегенција во Македонија на лош начин, односно со вештачка интелегенција направиле како патот да е готов. Поладнето кандидатите за пратеници излегоа тука и ги поканија новинарите и се видоа позади купишта карпи и камења.  Така што после година дена имаме реалност, а не вештачка интелегенција и затоа ние сме таму каде што сме, а нашите опоненти каде што се – рече Николоски.

 

Поврзани содржини