ПЛАЧЕШЕ ЃОКОВИЌ, РОНЕШЕ СОЛЗИ И ПУБЛИКАТА „Сè му се собра, и депортацијата, и угнетувањето…“ (ВИДЕО)

Тој уште еднаш потврди дека му нема рамен во светот на тенисот - ова беше негов десетти пехар во Мелбурн и 22-ри Грен слем во кариерата, кој го изедначи со ривалот Рафаел Надал.

1,391

Српскиот тениски ас ја освои 10-тата титула во Мелбурн од исто толку финалиња, стигна до првото место на АТП листата и 22-ри Грен слем. По сето она низ кое помина минатата година во Мелбурн, депортацијата и угнетувањето од западните медиуми, сега сè му се собра, пишуваат српските медиуми.

Тој плачеше, целосно се скрши, а заедно со него плачеше и цела Род Лејвер Арена. И неколку минути подоцна тој сè уште ронеше солзи!

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport na B92.net (@b92_sport)

 

 

Новак во големото финале по 176 минути игра го совлада четвртиот играч во светот Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5). Тој уште еднаш потврди дека му нема рамен во светот на тенисот – ова беше негов десетти пехар во Мелбурн и 22-ри Грен слем во кариерата, кој го изедначи со ривалот Рафаел Надал.

Дополнително, Ѓоковиќ го престигна Надал по вкупниот број титули во кариерата, ова му беше 93-та, а во Мелбурн стигна до 28-та последователна победа.

По победата тенискиот ас одржа петминутен говор.

 

Поврзани содржини