Плаќањето на долгот за вода на рати го искористил 551 корисник

Со цел да им излезе во пресрет на корисниците, ЈП Водовод и канализација спроведе акција од 17 до 31 јули.

259

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје, почнувајќи од 17 јуни до 31 јули спроведе уште една акција за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица.

– Во рамки на акцијата за наплата на долговите на рати без камата, која заврши на 31 јули (петок) можноста ја искористија 551 корисник и се потпишаа исто толку договори. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е 36,5 милиони денари – стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација.






Оттаму апелираат до своите корисници редовно да ги подмируваат своите долгови и разумно и рационално да ја употребуваат водата, да бидат одговорни и да се однесуваат совесно во однос на заштитата на водоснабдителниот и канализацискиот систем.

Поврзани содржини