ПИСМАТА ОД ГРАЃАНИТЕ ГИ ЧИТАМ СО ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ На писмото од граѓанинот Ахмети не му дошол редот

Али Ахмети е граѓанин како и сите други граѓани и мора да се посвети внимание на секое писмо, порача премиерот Христијан Мицкоски.

929

Премиерот, Христијан Мицкоски денеска изјави дека не го добил писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за кое претходно информираа Интегративците преку допис до медиумите.

– Не сум го добил, кога ќе го добијам ќе го коментирам – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.






Премиерот потоа додаде и дека дневно добива многу писма, пораки и со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните.

– Ахмети е граѓанин како и сите други граѓани и мора да се посвети внимание на секое писмо. Како што рече и вицемпремиерот Изет Меџити, ние не играме фудбалчиња, работиме и сме одговорни – додаде Мицкоски во насока на тоа дека писмото не стигнало до него.

СЕКОЕ НАРУШУВАЊЕ НА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ БИ ИМАЛО ПОСЛЕДИЦИ Ахмети му испрати предупредувачко писмо на Мицкоски

Поврзани содржини